ВМРО-ДПМНЕ: Kлинички патеки за пациентите

Ќе ја зголемиме безбедноста на пациентите и ќе го намалиме ризикот при работа во болниците преку развивање и примена на клинички патеки за пациентите со различни дијагнози. Овие правила ќе бидат достапни на пациентите и ќе се применуваат од приемот до исписот во целокупниот процес на дијагностика и лечење. Стандардизирање на постапките и процедурите се однесуваат на поставување на стандарди за опрема, кадар и простор, протоколите на целокупната постапка на лечење од медицински стручен аспект. Клиничките патеки се однесуваат на движењето на пациентот од поставување на дијагноза, прием на болниот, терапија, третман на болниот сè до испис. И покрај сличностите со протоколите, клиничките патеки се разликуваат кај пациенти со различни дијагнози. Воведувањето на клиничките патеки како едни од најдобрите алатки за мерење на квалитетот на здравствената услуга е основа на процесот на стандардизација на здравствената нега. Со поставување на клиничките патеки ќе се овозможи добро организирана и ефикасна нега на пациентите во целокупниот нивни престој во здравствените установи врз основа на медицина базирана на докази. Поради тоа што клиничките патеки ќе бидат јавен документ, пациентите ќе бидат информирани за сè што им претстои во текот на болничкиот престој. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Декември 2014 година]

Образложение:

Проектот Клинички патеки за пациентите започна да се реазлизира во август 2012 година. Со оваа реформа е предвидено освен задолжителната здравствена евиденција на пациентите, освен одредената дијагноза, нивните досиеа треба да содржат и план и процедури за нивно лекување. Клиничките патеки се однесуваат на поставувањето на дијагноза, прием на болниот, терапија па се до испис на пациентот од здравствената установа. Ваквиот проект според Министерството за здравство треба да донесе до што помали грешки во лекувањето на пациентите.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција