ВМРО-ДПМНЕ: Легализација на објектите за земјоделска намена

Ќе овозможиме легализација на објектите за земјоделска намена изградени на земјоделско земјиште. Земјоделците ќе можат да ги легализираат шталите, помошните објекти, објекти за преработка или за чување на земјоделски производи по нова, поедноставена постапка без плаќање на комуналии. Изградбата на нови објекти за земјоделска намена на земјоделско земјиште ќе биде целосно доуредена и овозможена. [Рок: декември 2011 – 2014]

Образложение:

Со донесување на измените и дополнувањето на Законот за земјоделско земјиште во јули 2012 година, овозможено е легализација на објектите за земјоделска намена изградени на земјоделско земјиште. Ова предизборно ветување е исполнето. [Ажурирано на: 23.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција