ВМРО-ДПМНЕ: Набавка на нови/репарирани товарни вагони
Согледувајќи ги потребите на стопанството за извршување превози со железницата за наредниот среднорочен пе-риод, а имајќи ги предвид и директивите на ЕУ за модерен превоз, брзина од 100-120 км/час, еколошки сообраќај, се наметнува потребата за набавка на нови/репарирани товарни вагони. Средствата во износ до 15 милиони евра планирано е да се обезбедат од меѓународни финансиски институции. [Рок: 2013 – 2016 година]
Образложение:
На 01 октомври 2012 година, ќе се склучи договор за набавка на 150 товарни и патнички вагони и реконструкција на 6 локомотиви. Договорот ќе го потпише Вицепремиерот и Министерот за финансии, Зоран Ставрески, со Европската банка за обнова и развој. Овој проект ќе биде во вредност од 50 милиони евра. [Ажурирано на: 01.10.2012]
Во декември 2013 година компанија„Македонски железници“ и словачката компанија „ЖОС Трнава“ потпишаа Договор за набавка на 150 товарни вагони. [Ажурирано: 12.04.2014]
Во јануари 2014 бше најавено дека до крајот на јули ќе се набават првите 75 товарни вагони. [Ажурирано: 12.04.2014]
Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Инфраструктура “, за проектот „Набавка на нови 150 товарни вагони“ е наведено:
Вредноста на инвестицијата е 13,2 милиони евра, а рокот на испорака е до јануари 2015 година.
Иако се превземени активности за набавка на нови товарни вагони, но, бидејќи проектот е со рок кој е надвор од регуларниот мандат на владата (2015 година) ова ветување се оценува како недоследно.
Линкови:
- Maxim (01.10.2012): Македонски железници ќе добијат нови вагони [Пристапено на: 01.10.2012]
- NetPress (01.10.2012): Македонска железница ќе добие 150 нови вагони [Пристапено на: 01.10.2012]
- Отчет 2011-2014: Инфраструктура [Пристапено на: 12.04.2014]
- Дневник (18.12.2013): Железницата ќе добие 150 нови товарни вагони [Пристапено на: 12.04.2014]
- Вечер ( 29.01.2014): Првите 75 товарни вагони ќе пристигнат во јули [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар