ВМРО-ДПМНЕ: Наводнување на јужната долина на реката Вардар

По успешно завршување на првата фаза со изградбата на систем за наводнување на околу 3.700 ха, ќе започнеме со нова инвестиција од 18 милиони евра со која ќе се обезбеди наводнување на нови површини земјоделско земјиште од околу 4.500 ха. во општините Валандово, Гевгелија и Богданци. Рокот за подготовка на техничката документација е декември 2011, додека инвестицискиот циклус со почеток на градежни активности треба да започне во март 2012. Средствата се обезбедени од банката KfW и буџетско учество во однос 70:30. Носител: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: почеток на инвестицијата – март 2012]

Образложение:

На 22 март 2011, Пратениците ги донесоа и измените на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова – КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза 2“. Во април 2011 со обезбедување на 10,3 милиони евра поволен заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку КФВ банката беше затворена  финансиската конструкција за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза 2“. [Ажурирано на: 28.03.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција