ВМРО-ДПМНЕ: Нова едукативна програма за специјализација по ургентна медицина

Во рамките на програмите на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе основаменова едукативна програма за специјализација по ургентна медицина, со што ќе се создаде квалитетен кадар за итна медицинска грижа согласно со европските трендови, како и преку редовно следење на потребите ќе го надминуваме проблемот со дефицитарен кадар во одредени сегменти на здравството (патолози, анестезиолози, гинеколози и сл.). Носител: Министерството за здравство. [Рок: Октомври 2012 година]

Образложение:

Центарот за семејна медиција, Медицински факултет, нуди доедукација по Ургентна медицина, кој се состои од два модули.

Дополнително, во Отчетот на Владата за 2011- 2012 година, е наведено дека во рамки на Медицинскиот Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, е отворена нова едукативна програма за специјализација по ургентна медицина.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција