ВМРО-ДПМНЕ: Обнова на Хавзи-Пашините конаци
Проектот за Обнова и ревитализација на споменикот на културата Хавзи- пашини конаци во с. Бардовци е капитален проект на Министерството за култура во областа на аудиовизуелната дејност. Обновувањето и опремувањето на Хавзи-пашините конаци, покрај музејската вредност, ќе има намена за заштита, чување и презентација на филмското културно наследство на Република Македонија. Носител: НУ Кинотека на Македонија. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Обновата на Хавзи-Пашините конаци е ветување кое беше дел и од предизборните ветувања на владејачката партија во периодот 2008-2011 година. Тогаш, ветувањето е оценето како Делумно исполнето поради тоа што во 2008 година е претставен проектот за ревитализација и обнова на конаците. Заклучно со април 2014 година, освен овој проект, обновата и реставрацијата на конаците сеуште не се започнати. Во отчетот на Владата за сработеното во периодот 2011-2014, ова ветување е ставено во делот “Ветено-Во тек“.
Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.
Линкови:
- Вмро-Дпмне: Хавзипашини конаци
- Во кинотека ќе се одбележи светскиот ден на аудиовизуелното наследство
- Република Македонија во мај ќе биде домаќин на конгресот на Меѓународната асоцијација на кинотеки и филмски архиви.
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар