ВМРО-ДПМНЕ: Отворена врата за странски бизнисмени

Максимално ќе се либерализира отворањето бизниси од странци. Секој странец кој е подготвен да отвори бизнис во Македонија и да плаќа даноци и придонеси во македонскиот буџет ќе добива дозвола за работа и престој без неговиот бизнис-план да биде оценуван од јавната администрација во министерствата, а дозволите ќе му важат сè додека тој работи согласно со законите во Македонија. Со тоа би се намалиле бирократските процедури и би се стеснил просторот за корупција. Ќе воведеме и нови мерки за либерализација на постапката на издавање на работни дозволи на странци со цел да се помогне економскиот развој и инвестициите, како и трансфер на технологии и know-how. [Рок: март 2012]

Образложение:

Со цел промовирање на Македонија како државна поволна за странски бизнисмени, премиерот на Р. Македонија во текот на 2012 година реализира неколку посети во Кина, Индија и Малезија.

Со измените кои беа направени во Законот за вработување и работа на странци, во јули 2012 година, овозможено е странските државјани да добиваат работна дозвола и во Агенцијата за вработување, без притоа да е потребно да се добие мислење од Министерството за внатрешни работи. Оваа мерка е превземена со цел олеснување на процедурите за вадење на работни дозволи.

Во месец декември 2012 година, Владата објави дека постои можност за странските бизнисмени да добијат македонски пасош доколку инвестираат најмалку 400.000 евра. Оваа одлука е донесена со цел привлекување на се поголем број на странски бизнисмени.

Ветувањето се оценува како делумно исполнето, бидејќи повеќето активности се направени откако е истечен дадениот рок за исполнување.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција