ВМРО-ДПМНЕ: Печатење на информативен материјал

Континуирано печатење на информативен материјал кој ќе биде достапен за сите посетители на државата со краток опис на туристичките потенцијали на државата во вид на мапа со обележани атракции за Македонија и брошура за позначајните знаменитости и сместувачки капацитети и угостителски објекти кои ќе бидат бесплатни и достапни до сите туристички дестинации во земјата. Овој материјал ќе се дистрибуира и до секој странски посетител на Македонија преку граничните премини. Носител: Македонска национална туристичка организација (во соработка со МВР и со Царинската управа). [Рок: континуирано]

Образложение:

Во јуни 2011 година, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го промовираше проектот за делење на информативен материјал наменет за странските труристи кои доаѓаат или транзитираат низ Република Македонија.

За специфична промотивна активност насочена кон транзитните патници кои циркулираат во земјата одејќи кон друга дестинација, активност што опфаќа организација на делење на флаери и информативен материјал  на гранични премини,  за 2013 се предвидени 3 милиони  денари.

Според Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2014 година, за оваа намена за 2013 година Владата  одвои 2 милиони денари.

Може да се каже дека предизборното ветување:„Печатење на информативен материјал“ е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција