ВМРО-ДПМНЕ: Понатамошна реставрација и заживување на Старата скопска чаршија
Понатамошна реставрација и заживување на Старата скопска чаршија, во насока на зачувување и промоција на нејзините автентични знаменитости со цел враќање на чаршијата како традиционално обележје на Градот Скопје. [Рок: 2012 – 2014]
Образложение:
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, на 24 август 2012 година го промовираа новото улично осветлување во Старата скопска чаршија.
Во ноември 2012 година објектот на ул. Битпазарска бр. 81 на влезот во Старата скопска чаршија, споменик на културата изграден меѓу двете светски војни, доби нова фасада преку проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на надворешноста на објекти во градските јадра низ Македонија.
На 22 јануари 2013 година е отворена постојана музејска поставка на експонати од старите скопски занаети, сместена во Музејот на Старата скопска чаршија, (сместен во просториите на Сули-ан, Стара чаршија)
Според информациите од Минстеството за култура (24.02.2014), во изминатиот период се доделени неколку простори за занаетчиски здруженија што ги негуваат и ги развиваат традиционалните вештини. Доделени се и ателјеа во Чаршијата, кои им се дадени на користење на Друштвото на ликовните уметности во Македонија и на и на „АРТ-визија“.
Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето : „Понатамошна реставрација и заживување на Старата скопска чаршија“, е исполнето.
Линкови:
- МКД.МК (12.03.2012): Старата скопска чаршија конечно ќе види ден. [Пристапено на: 08.05.2012]
- Капитал (04.05.2012): Изумираат занаетчиите во Старата скопска чаршија. [Пристапено на: 08.05.2012]
- Точка (25.08.2012): Скопската чаршија доби ново осветлување. [Пристапено на: 23.04.2013]
- Плус Инфо (30.11.2012): Обновена фасада на „Битпазарска“ бр.81 во Старата чаршија. [Пристапено на: 23.04.2013]
- Дневник (22.01.2013): Отворен Музејот на Старата скопска чаршија. [Пристапено на: 23.04.2013]
- Скопје инфо (24.08.2012): Фото: Скопската чаршија осветлена со нови канделабри [Пристапено на: 06.04.2014]
- А1 ОН (30.11.2012): Обновена фасадата на „Битпазарска 81“ во Старата чаршија [Пристапено на: 06.04.2014]
- МКД (22.01.2013): Отворена нова поставка во Музејот на Старата скопска чаршија (Фото) [Пристапено на: 06.04.2014]
- Точка (04.03.2013): Музејот на Старата скопска чаршија ве враќа назад во времето [Пристапено на: 06.04.2014]
- Нова Македонија (24.02.2014): Занаетите се душата на Чаршијата, кафеаните се само декор [Пристапено на: 06.04.2014]
- Вечер (03.03.2014): Не се селам, Чаршијата е на секоја разгледница! [Пристапено на: 06.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар