ВМРО-ДПМНЕ: Пошумување на земјата

Во наредните четири години ќе извршиме пошумување на нови 5.000 хектари голини и ерозивни земјишта. Два пати во текот на секоја година, преку популарната граѓанска иницијатива „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“ и други програми ќе се пошумуваат просечно по 1.250 хектари, односно најмалку 7 милиони садници годишно со автохтони лисјарски (меѓу кои: продуктивни дрвни насади како костен, лешник, орев и др.) и иглолисни садници. Дел од редовните годишни активности ќе опфаќаат поддршка на активностите на најмалку 3 локални самоуправи годишно за уредување на јавните површини во руралните општини. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Од изборите во 2011 година па наваму, организирани се две акции за пошумување на земјата, „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Првата се одржа на 20.11.2011, додека втората на 21.11.2012. Акцијата која беше предвидена за пролетта 2012 година не се одржа поради неповолните временски услови, а нема информации дали е предвидено да се организира ваква акција за време на пролетта 2013 година. [Ажурирано на: 15.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција