ВМРО-ДПМНЕ: Примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи
За натамошно унапредување на знаењата на судиите и јавните обвинители ќе се реализираат обуки за примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и дополнителните протоколи и одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Образложение:
Преземени се повеќе активности во насока на извршување на овој проект. Одржани се неколку обуки за примената на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и дополнителните протоколи и одлуките на Европскиот суд за човекови права. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]
Линкови:
- Сител Телевизија (28.02.2013): Обука за „Член 10 од ЕКЧП и искуствата од Обединетото Кралство“. [Пристапено на: 15.04.2014]
- МИА (05.07.2013): Судиите и обвинителите на обука за членот 5 од Европската конвенција за човекови права. [Пристапено на: 15.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар