ВМРО-ДПМНЕ: 15 атлетски модули

Заради помасовно анимирање на младите да се вклучат во атлетиката, а имајќи во вид дека изградбата на атлетски патеки е невозможно во секое населено место, се предвидува изградба на 15 модули за атлетика согласно со прифа-тената поделба на атлетските спортови на: тркачки, скокачки и фрлачки дисциплини. Сите атлетски дисциплини се одликуваат со широк спектар на моторни движења кои успешно можат да се применуват во образовни цели или низ други облици на вежбање, преку кои значително се влијае на подигањето на општата психофизичка состојба на поединецот. За таа цел, на секој од овие модули ќе може во целост да се вежба соодветната атлетска дисциплина, со што ќе овозможиме на што поголем број на граѓани да се занимаваат со некоја од атлетските дисциплини блискудо нивното место на живеење. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Заклучно со 1 Април 2014 година, не се изградени 15 Модоли за атлетика. Ова ветување може да се најде и во Отчетот на Владата на РМ 2011-2014 година, во делот на неисполнети ветувања.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција