ВМРО-ДПМНЕ: Проект „АРМ – мој вистински дом“

Ќе продолжиме со проектот „АРМ – мој вистински дом“ и за изградба на станови и куќи за припадниците на армијата. Врз основа на изразениот интерес од припадниците на АРМ, и по донесување на ДУП-ови од страна на општините, во првата фаза е предвидена изградба на станови во: Скопје, Куманово и Тетово. Во наредните фази од овој проект, согласно со интересот на припадниците на АРМ, станови би можеле да се градат на веќе обезбедени локации и во општините: Велес, Кичево, Прилеп и Штип. Во наредниот период, согласно со изразниот интерес и можностите за урбанизација на неискористени површини, овој проект ќе го развиваме и со изградба на плански населби составени од индивидуални станбени објекти – куќи. Со овој проект, за прв пат, на припадниците на АРМ ќе им се овозможи решавање на станбеното прашање под исклучително поволни услови, и тоа: исклучително ниска цена и долгорочно бескаматно кредитирање со грејс-период, од почеток на градба до вселување.

Образложение:

Министерството за одбрана има објавено интерен оглас за купување на стан во лична сопственост од страна на припадниците на АРМ. Но, според информациите, проектните активности се започнати само во град Скопје, и тие се уште се во почетна фаза. [Ажурирано на: 29.03.2012]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Одбрана“, за проектот „АРМ– Мој вистински дом“, е наведено:

Од страна на Министерството за одбрана е изработен динамичен план за реализација на проектот, а истиот е донесен од страна на Владата. Отпочнато е со процесот на изработка на планска и проектна документација за изградба на станови во Скопје, еднособни (35 м2), двособни (55 м2) и трособни (70 м2) лоцирани кај касарната Илинден, за 515 припадници на Армијата, согласно со конкурсот и рангирањето на заинтересираните војници и старешини. Во завршна фаза се преговори со банките за обезбедување кредити, при што се дефинираат условите за износот на учеството кој ќе го плаќаат корисниците на кредитот, рокот на отплата на главнината, износот на каматата и должината на грејс-периодот. [Ажурирано на: 14.04.2014]

Со оглед на тоа, може да се констатира дека ветувањето: „АРМ-  Мој вистински дом“, е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција