ВМРО-ДПМНЕ: Безбедни училишта
Со цел да создадеме училишта коишто ќе бидат безбедни места за учење и развој на учениците, како и безбедни места за наставниците, ќе преземеме акции насочени кон подобрување на целосната училишна средина, подобрување на комуникацијата и односите меѓу сите во училиштето (ученици, наставници), како и со родителите и локалната заедница. Паралелно ќе се одвиваат два процеса, едниот кон поставување камери и физичко обезбедување во средните училишта, а вториот кон обука на наставниците и учениците за препознавање и справување со насилството во основ-ните и во средните училиште. Согласно со законските решенија и искуствата од работата на училиштата, во рок од седум месеци по формирање на Владата, ќе донесеме протоколи за спречување на насилството во секое училиште. Носител: Министерството за образование и наука. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Проектот безбедни училишта започна да се реализира во 2012 година кога Министерството за образование и наука во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во РМ ја спроведоа првата фаза од овој проект во средни училишта во повеќе општини во земјата. Целта на проектот е да биде обезбедена што поголема безбедност во училиштата со што транспарентно ќе бидат регистрирани инциденти во училиштата и ќе бидат поднесени кривични пријави против сторителите.
По завршувањето на првата фаза на проектот, во 2013 и 2014 година се спроведени низа активности во средните училишта во различни градови во земјата, како и медиумски кампањи со кои се продолжува трендот на промоција на позитивни вредности и избегнување на насилни односи помеѓу учениците.
Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.
Линкови:
- Проектот Безбедни училишта-хармонични средини успешно реализиран
- Проект “Безбедни училишта“
- Јанкуловска и Ристовски на хепенингот безбедни училишта
- Медиумска кампања за безбедни училишта
- Заедно против насилство за безбедни училишта
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар