ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Чиста околина“

Целта на овој проект е да се поттикне свеста на младите за волонтирање во однос на зачувување на животната околина, штедење енергија, рециклирање и климатски промени (глобално затоплување). Во сите средни и основниучилишта ќе се организираат кампањи и акции за чистење на паркови, зелени површини, собирање предмети и отпад за рециклирање и семинари во врска со климатските промени и заштедата на енергија. Министерството за образование и наука во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Единиците на локалната самоуправа, два пати годишно ќе организираат масовни еколошки акции. [Рок: 2015 година]

Образложение:

За реализација на овој проект спроведени се низа настани и кампањи со цел подигнување на свеста кај луѓето, а особено кај малдите за потребата од живеење во чиста околина.Акциите започнаа во 2012 година, кога Министерството за животна средина и Просторно планирање и Агенцијата за малди и спорт организаираа кампања со наслов “ Сите во акција за зелена Македонија“ со која беа исчистени остатоци од комунален отпад во неколку градови низ ширум Републиката. Во рамки на училиштата секоја година се организиараат еколошки настани поддржани од општините, а последните два еколошки настани во 2014 година организиарани од Министерството за животна средина и просторно планирање се еколошката акција за чистење на локалитетот Куклици како и еколошката акција “ Македонија земја на цвеќето, земја на розата„

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линк:

Почеток на кампањата “Сите во акција за зелена Македонија„ 

Најмладите екологисти во акција по повод 22 Април-Светскиот ден на планетата земја

Почна реализацијата на големата еколошка акција „ Македонија земја на цвеќето-Земја на розата„ 

Еколошка акција: Чистење на локалитетот Куклици 

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција