ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Купи куќа, купи стан“

Во периодот 2011-2015 ќе отпочнеме со реализација на 2 проекти:

Пола-пола рата за првите три години. (Ќе обезбедиме средства за субвенционирање на половина од месечната рата за период од 5 години, за кредити со максимален износ до 50.000 евро.) [Рок за почеток на проектот: Јануари 2012]

50% учество за купување стан/изградба на куќа. (Државата ќе плати 50% од учеството за кредит за изградба на куќа/купување на нов стан. Останатите 50% од учеството ќе ги обезбеди купувачот.) [Рок за почеток на проектот: Октомври 2012]

Образложение:

Првиот дел од ветувањето (Пола- пола рата) кој треба да почне да се реализира во јануари 2012 година, веќе е дел од расправата во Парламентот. [Ажурирано на 15.10.2011]

Во рамките на првата фаза од проектот, која требаше да се реализира заклучно до јануари 2012, Владата на Р. Македонија одлучи да го продолжи рокот за поднесување апликации до 31 мај 2012 година.  Како причини кои се наведени за да се продолжи рокот се големиот интерес од една страна, но и малиот број на поднесени апликации, од друга. [Ажурирано на 26.02.2012]

Во рамките на овој проект, доделени се субвенционирани кредити на 50 семејства. Можноста за аплицирање за кредит, е до 31 мај 2012 година. [Ажурирано на 13.05.2012]

Продолжен е рокот за аплицирање за субвенциониран кредит  во рамките на проектот Купи куќа, купи стан. Рокот за аплицирање е продолжен за до 31 октомври 2012 година. [Ажурирано на 17.05.2012]

Во рамките на овој проект до јануари 2013 година, склучени се 110 договори со 110 семејства. Проектот продолжува и во наредниот период, а граѓаните преку јавни повици имаат право да аплицираат до 31 мај. [Ажурирано на 05.02.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Финансиски сектор и други мерки“, за проект „Купи куќа, купи стан“, е наведено:

Веќе трета година се реализира проектот „Купи куќа, купи стан“. До почетокот на 2014 повеќе од 243 семејства го решија најгорливото прашање – стекнување сопствен дом. Во периодот јануари 2012-јануари 2014 вкупниот износ на одобрени субвенции изнесува повеќе од 1,5 милиони евра.Во 2013 беа направени измени во законот со што се зголемија поволностите за граѓаните. Така, се зголеми субвенцијата за куќа на 75% од учеството или 75% од ратата. Исто така, субвенциите се неповратни по десеттата година од редовна отплата на кредитот во случај на предвремена враќање на кредитот. Со измените во 2014 се овозможи и субвенциите да ги користат лица во брак чиј вкупен приход по основа на плата е до 1.300 евра. Исто така, се овозможи да аплицираат и лица што наследиле половина или помалку од половина имот, без притоа да мора да го продаваат истиот. Овој проект придонесе за намалување на цените на становите и намалување на каматните стапки на станбените кредити за 3-4 процентни поени. [Ажурирано на 11.04.2014]

На 13 февруари 2014 година Владата соопшти дека ќе се подобрат условите за проектот „Купи куќа, купи стан“, а кои се однесуваат на зголемување на вкупниот приход на семејството за учество во проектот, да може да купат куќа или стан наследници на идеален дел од имот и можноста да се продаде стан и да се купи поголeма куќа и да се продаде куќа да се купи поголем стан. [Ажурирано на 11.04.2014]

Имајќи го предвид сето ова може да се констатира дека ветувањето: „Купи куќа, купи стан“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција