ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Стоп brain drain“
За да се искористи знаењето кои македонските дипломци и магистри го стекнале на техничките и на ИТ-универзитетите во 10-те најразвиени земји од Европа и светот, ќе спроведеме проект со кој на секој студент инженер, технолог и информатичар кој по завршувањето на студиите во странство ќе се врати и ќе се вработи во Македонија, во првите три години по вработувањето ќе му бидат обезбедени дополнителни 30% од платата која ќе ја има при првото вработување. [Рок: почнувајќи од јануари 2012]
Образложение:
Во рамките на овој проект на 5 септември 2012 година, Министерот за образование и наука Панче Кралев, ја презентираше соработката со Лиана Мар , Директор на канцеларијата за образование при Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Оваа соработка е дел од проектот Стоп „Brain-drain“. Според изјавата на министерот овој проект треба да започне да се имплементира во 2013 година.
Со рокот кој е поставен во самото ветување, беше предвидено да започне со реализација во јануари 2012. Тоа значи дека и покрај најавите за негово исполнување, ова ветување во текот на 2012 година не е исполнето.
Линкови:
- Министерство за образование и наука (05.09.2012): Промоција на проектот „Стоп Brain Drain” [Пристапено на: 31.02.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар