ВМРО-ДПМНЕ: Вешти и компетентни

Сведоци сме дека на пазарот на трудот сè повеќе се бара кадар со применливи знаења, вештини и компетенции, односно кадар кои можат веднаш да почнат да работат, било самостојно, било како дел од тимот. Недостатокот од вештини наспроти високиот процент на запишување во образовниот систем е глобален проблем. Во препораките на Европскиот парламент и на Советот на Европа исто така се констатира дека „повеќе од една третина од европската работна сила (80 милиони лица) е со ниски вештини, а се проценува дека до 2010 година скоро 50% од новите работни места ќе бараат терцијално ниво на квалификации (високо образование), под 40% ќе бараат повисоко средно образование и само 15% ќе бараат базично образование“. За зголемување на степенот на компетенциите кои се добиваат во образовниот процес, интензивно ќе работиме на:

*Воведување на претприемништвото во програмите на сите нивоа. Бирото за развој на образованието ќе изработи програма за нов изборен предмет Претприемништво, којшто уче-ниците ќе можат да го изберат во третиот цикулс од основното деветгодишно образование (од шесто до деветто одделение). Исто така, во средното образование, покрај задолжителниот предмет Бизнис и претприемништво (задолжителен во четврта година во гимназиското образование) средношколците ќе имаат и изборен предмет Претприемништво во најсоодветната година зависно од нивната струка. Високообразовните институции ќе бидат охрабрени да акредитираат студентски програми во кои како задолжителен или изборен ќе се нуди предметот Претприемништво;

* Зголемување на компетенциите и ефективноста на наставниот кадар. Ќе работиме на континуираното професионално усовршување на наставниците во основното и во средното образование преку воведување на системот на кариерен развој, со особен акцент на практичните компетенции коишто наставниците ги имаат и нивната способност да ги пренесат на учениците;

* Следење на излезните резултати од образованието преку индикаторите ОЕцД. Види проект „Систем за следење на индикаторите ОЕЦД“;

* Вложување во стимулирање на излезните резултати во образованите институции. Образовните институции би се стимулирале со некој вид награди во форма на набавка на нова опрема и слично базирајќи се на национални индикатори (матура, државни натпревари и слично), како и од учество во меѓународни оценувања (ТИМСС, ПИСА, ПИРЛС и слично);

* Вложување во образовната технологија за стручно образование. Во континуитет ќе набавуваме лабораториска опрема за средното стручно образование за реализација на практичната настава, како и во дидактични и нагледни средства во средното образование воопшто. За високото образование ќе продолжиме со набавка на лаборатории за научна и апликативна дејност;

* Воспоставување партнерски однос со стопанството и стимулирање на стопанството за учеството во стекнувањето со високи компетенции на учениците и студентите. Во соработка со стопанските комори, ќе им овозможиме на учениците и на студентите повеќе практична работа за време на учењето и на студирањето, како и што повеќе од наставата да се реализира од истакнати стручни лица од практиката (клиничка настава). Со тоа на пазарот на трудот ќе бидат глобално поконкурентни, а самиот образовен систем од прва рака ќе има информации за потребите од кадар во стопанството;

* Јакнење на образовните институции за обезбедување на квалитет. Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар, Центарот за стручно образование и обука и Центарот за образование на возрасни се носечки институции во системот на обезбедување на квалитет во образованието. Со нивно зајакнување ќе овозможиме нивна поширока теренска активност за да можеме да се осигураме дека нивото на кометенции кое го добиваат учениците и студентите навистина е она коешто е зацртано со наставните програми и она коешто пазарот на труд го бара;

* Донесување на национална рамка на квалификации. Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за образование и наука ќе ја донесе Националната рамка на квалификации. Оваа рамка, која претходно ќе биде разработена од Министерството за образование и наука во соработка со надлежни институции, како и со стопанските и со занаетчиските комори, и која ќе биде усогласена со европските системи за квалификации, точно ќе ги определи вештините и компетенциите за определни квалификации за струки и занимања. Само со следењето на овие чекори ќе се постигне кадарот што излегува од нашите образовни институции, независно од нивото, да ги имаат потребните знаења, вештини и компетенции за да бидат конкурентни на глобалниот пазар на трудот.

Носител: Министерство за образование и наука. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Бизнис и Претприемаштвото како задолжителен предмет во редовната гимназиска настава е воведен во учената 2008/2009 година а од 2012 година е воведен предметот Претприемаштво и Иновации за 1, 2 и 3 година гимназиско образование. Претприемаштвото сеуште не е дел од деветгодишното основно образование. Во 2013 година е донесен Акцискиот план за вработување на млдаите до 2015 година. Во Ноември 2013 година е презентиран Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците во Македонија, проект кој има за цел да ја зголеми компетенцијата и ефисканоста на наставниот кадар. Донесена е националната рамка за високообразовни кфалификации.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција