ВМРО-ДПМНЕ: Редовни контакти со македонската дијаспора
И во наредните четири години посветено ќе работиме на зачувувањето на посебноста на Македонците во рамките на државите во кои живеат, како и на зачувување и афирмирање на македонскиот културен, јазичен и национален идентитет. Преку редовните контакти со македонската дијаспора ќе ги зацврстиме врските на македонските иселеници со Република Македонија преку стимулирање и помагање на процесите на поврзувањето на нашите иселеници со татковината, продолжување на редовните средби со иселениците во Македонија, како и средби во нивните заедници. [Рок: континуирано*]
Образложение:
Досега се остварени повеќе средби со македонската дијаспора од страна на претставници на Владата на РМ или пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Е-вести (18.07.2012): Груевски: Унапредувањето на врските со дијаспората е меѓу приоритетите на Владата. [Пристапено на: 12.04.2013]
- Комуникација.мк (03.09.2012): Средба на премиерот Груевски со дијаспората во Детроит. [Пристапено на: 12.04.2013]
- Влада на РМ (04.12.2012): Македонските инвестициски можности претставени пред 200 компании во САД. [Пристапено на: 12.04.2013]
- Maxim.mk (17.12.2012): Пратеникот Саздов на средби со македонската дијаспора во САД. [Пристапено на: 12.04.2013]
- Макфакс (08.02.2013): Вељаноски на средба со дијаспората во САД. [Пристапено на: 12.04.2013]
- Канал 5 (20.05.2013): Министерката Канческа-Милевска се сретна со дијаспората во Шведска [Пристапено на: 13.09.2013]
- Тајм.мк (04.12.2013): Премиерот Груевски во Париз на средба со македонската дијаспора [Пристапено на: 03.04.2014]
- Фаланга (24.11.2013): Галерија: Попоски оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Канада [ Пристапено на: 03.04.2014]
- Фаланга (03.03.2014): Средба на Попоски со македоснакта дијаспора во Швајцарија [Пристапено на: 03.04.2014]
- Фактор (26.02.2014): Груевски ги повика иселениците во Дизелдорф да инвестираат во Македонија [Пристапено на: 03.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар