ВМРО-ДПМНЕ: Регионален пат Македонски Брод – Прилеп
Оваа регионална делница го поврзува Прилеп со населените места Ропотово, Дебреште и Македонски Брод, а преку други регионални патишта се надоврзува и кон патот за манастирот Трескавец, кон општина Долнени, Самоков, Пласница и Вранештица. Вредноста на проектот е 4,6 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Светска банка, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија.[Рок: јуни 2011]
Образложение:
Реконструкцијата на оваа делница е започната во април 2009 година. Не постојат конкретни информации за кога е завршена и пуштена во употреба, но до декември 2011 година, реконструкцијата на делницата е финализирана.
Реконструирањето на овој патен правец е наведено како завршено и во Отчетот на Министерство за транспорт и врски на Р.Македонија од 2011 година.
Линкови:
- Порта3 (29.12.2011): Вистински предизвик и позитивни искуства [Пристапено на: 13.09.2012]
- Министерство за транспорт и врски (декември 2011): Отчет за работата на Министерството за транспорт и врски во 2011 година [Пристапено на: 13.09.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар