ВМРО-ДПМНЕ: Регулаторна гилотина „Предност за малите“ – 4 фаза

Со специјализираната регулаторна гилотина  „Предност за малите“ посебно внимание ќе посветиме на отстранување на регулаторниот товар за малите и средни претпријатија. Во соработка со бизнис-заедницата, ќе креираме посебна група мерки кои ќе бидат насочени кон поевтинување на услугите за издавање документи, лиценци, дозволи и одобренија, намалување на роковите за нивно добивање, како и унапредување на квалитетот на услугите што се даваат на малиот бизнис. [Рок: август 2011 – почеток на IV фаза]

Образложение:

Во декември 2011 година министерот Иво Ивановски најави дека неговиот ресор ќе ја почне четвртата фаза на регулаторната гилотина „Предност на малите“. 

Министерството за информатичко општество и администрација, како институција надлежна за спроведување на реформите во јавната администрација, започна со спроведување на Регулаторна гилотина – фаза 4 „Предност за малите“ која е фокусирана на поедноставување на условите за работа на малите и средни претпријатија

На почетокот на 2012 година низ повеќе градови низ Македонија беше презентиран проектот „Предност за малите“ како 4 фаза од проектот  „Регулаторна гилотина“.

Централниот регистар на 12 јуни 2013 година го означи стартот на примената на системот за издавање е-потврди кој е четврта фаза на владиниот проект за регулаторна гилотина. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Според ова, може да се констатира дека и покрај тоа што има задоцнување од четири месеци за старот на проектот, сепак,  ветувањето „Регулаторна гилотина „Предност за малите“ – 4 фаза“ е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција