ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на стариот театар во Струмица

Со обновата на опожарениот Стар театар во Струмица ќе се создадат услови за интензивно презентирање на теа-тарската уметност во овој град и зголемување на културната понуда. Уметничкиот кадар на Струмичкиот театар ќе добие нов простор за реализација на театарските претстави, според најсовремените светски стандарди. Буџет: 60 милиони денари. Носител: Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Министерката за култура. Елизабета Канческа Милевска најави дека реконструкцијата на стариот театар во Струмица се очекува да започне кон крајот на 2012 година. [Ажурирано на: 18.11.2012]

Иако стартот на реконструкцијата на Стариот театар во Струмица беше најавен за крајот на 2012 година, тоа сепак се случи дури на 3 март 2014 година кога беше поставен камен-темелник за новиот објект. На свечениот чин по повод почетокот на изградбата   присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Во оваа пригода, како што пренесоа медиумите, беше кажано дека изградбата на  театарот ќе чини 220 милиони денари, а се очекува да заврши за 18 месеци.

Што значи предвидувањата се дека целосната реализација на новиот објект може да се случи некаде на крајот на 2015 година. Со оглед на тоа може да се констатира дека ветувањето за реконструкција на Стариот струмички театар е неисполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција