ВМРО-ДПМНЕ: Систем за следење на индикаторите ОЕЦД

Информацискиот систем за следење на индикаторите ОЕЦД ќе претставува алатка која ќе овозможи континуирана, олеснета, веродостојна и ефективна обработка на сите статистички податоци од образовниот систем на Република Македонија. Ќе бидат следени: 1. Индикаторите за резултатите на образовните институции и влијанието на учењето, 2. Финансиски и човечки ресурси инвестирани во образованието, 3. Пристапот до образованието, учеството и напредокот, како и 4. Условите за учење и организација на училиштата. Резултатот од обработката на податоците ќе биде во вид на типизирани извештаи кои ќе овозможат јасна и еднос-тавна споредливост на индикаторите од образовниот систем во Република Македонија со индикаторите во другите земји ОЕЦД. Во перспектива, извештаите ќе дадат непристрасна и објективна основа за носење на одлуките вообразованието, планирање на реформите, финансирањето, евалуацијата на постигнатите резултати од реформите, спроведување на научни истражувања во сферата на образованието на сите нивоа опфатени со индикаторите ОЕЦД. Носител: Министерството за образование и наука. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Македонија, преку Министерството за образование и наука, во 2013 година склучила договор со директоратот за образование при ОЕЦД, со што се вклучила кон реализација на ПИСА 2015, меѓународно тестирање кое е спорведено од стана на директоратот за образование при ОЕЦД.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција