ВМРО-ДПМНЕ: Сончеви фотоволтаични системи
До крајот на 2012 година, за двојно ќе ја зголемиме можноста за изградба на сончеви фотоволтаични системи од сегашните 10 МW на најмалку 20 МW, по повластени тарифи за произведената електрична енергија, додека нема да постојат ограничувања за инвеститори кои ќе инвестираат во сончеви фотоволтаични системи за сопствена употреба или за продажба по пазарна цена на произведената електрична енергија. [Рок: декември 2012]
Образложение:
Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно до Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Министерството за економија. Од таму ни беше одговорено дека иако е поведена иницијатива од страна на Министерството за економија, истата се уште не е усвоена од страна на Владата на Република Македонија.
Дополнително, ни беше објаснето дека не постојат ограничувања за инвеститори кои ќе инвестираат во сончеви фотоволтаични системи за сопствена употреба, но затоа пак инвеститорите кои ќе ја продаваат електричната енергија потребно е да ги задоволуваат одредбите од повеќе закони, како и да се добие согласност од Комисијата за изградба на нови енергетски објекти.
Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е изминат, а тоа не е исполнето, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.02.2013]
Линкови:
- Барање за пристап до информации од јавен карактер
- Одговор на барање за пристап до информации од Агенција за енергетика на Република Македонија
- Одговор на барање за пристап до информации од Министерство за економија
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар