ВМРО-ДПМНЕ: Стратегии за развој на еко и на алтернативен туризам

Ќе обезбедиме помош на десет општини годишно за изработка на стратегии за развој на еко- и на алтернативниот туризам. Со овие програми ќе се поддржи и развојот на промотивните материјали за општината или за регионот, што подразбира подготовка на вебстраници, мапи и брошури. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Не постојат информации дека досега е изработена стратегија за развој на еко и на алтернативниот туризам во некоја од општините. Во април 2013 година, од страна на Владата на РМ е најавено дека со помош на туристичките работници ќе се изработува стратегија за привлекување туристи за секој град, која ќе опфаќа и развој на еко-туризмот и на алтернативниот туризам. [Ажурирано на: 26.04.2013]

Владата преку финансиска поддршка на Секторот за рурален развој и со основањето на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, даде системска поддршка за развој на руралниот туризам. Исто така, за развој на еко туризам и алтернативен туризам има можност да се користат и неповратни финансиски средства од европските и светските фондови. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција