ВМРО-ДПМНЕ: Телемедицина, онлајн едукација и набљудување на болните

Заради следење на светските трендови во медицината и добивање што побрзо медицински резултати, совети и услуги, ќе се применуваат најновите информатички и телекомуникациски иновации во медицината. Имено, со помош на новите технологии ќе овозможиме пациентот да ги изврши медицинските испитувања на едно место, а резултатите да ги испрати лекар кој се наоѓа во друга здравствена установа во земјата или во странство со цел веднаш да се добие одговор, соодветна дијагноза или терапија, или второ мислење. Носител: Министерството за здравство во соработка со Медицинскиот факултет. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Првата фаза од овој проектв во Република Македонија започна да се применува во октомври 2013 година. Во неговата прва фаза, е воспоставена аудио и видеоврска со која лекарите од земјата комуницираат меѓусебно. Според Министерот за здравство со комуникацијата на болниците во Велес, Струмица, Штип, Битола и Тетово Со специјалистите од скопскиот клинички центар ќе зголеми грижата за пациентите, како и во голема мера ќе се намали патувањето на пациентите до клиниката во Скопје.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција