ВМРО-ДПМНЕ: Тестирање на знаењето на јавните службеници

Воведување на механизам со кој институциите ќе вршат периодично тестирање на знаењето на јавните службеници, со соодветно влијание на нивните бенефиции. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Во ноември 2011 година беше воведен системот за микроучење, наречен лејтнер-модел на едукација, според кој службениците електронски се тестираат за знаењата од нивната област на работа. Сепак, според информациите, заклучно со март 2014 година, овој механизам не е целосно имплементиран. Според тоа, ова ветување се оценува само како делумно исполнето. [Ажурирано на: 03.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција