ВМРО-ДПМНЕ: Туристички развојни зони и концесионирање на плажите
Зголемување на потенцијалите преку креирање на туристички развојни зони, но и одредување на дополнителни локации за домашни и странски инвеститори за развој на крајбрежјата, со изградба на хотели и комерцијални објекти. Ќе продолжиме со постапките за концесионирање на плажите крај езерата, со цел креирање на уредени површини за одмор. [Рок: 2012]
Образложение:
Во август 2011 година отпочнат е проектот преку кој се нуди државно земјиште по цена од 1 евро за квадратен метар и намалувањето на комуналиите за 95% од почетната вредност за изградба на хотели.
Дополнително, на 6 ноември 2012 година, Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за туристички развојни зони со кој се предвидува формирање на туристички развојни зони на брегот на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро.
Според информациите од Министерството за транспорт и врски, досега под концесија се дадени 8 плажи во Струга, 18 во Охрид и 10 во Дојран. Според тоа, ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 25.01.2013]
Линкови:
- Lihnid.com (23.08.2011): Владата нуди метар квадратен за 1 Евро за изградба на хотел. [Пристапено на: 25.01.2013]
- Дневник (06.11.2012): Собранието го усвои Законот за туристички развојни зони. [Пристапено на: 25.01.2013]
- Влада на Република Македонија (20.09.2012): Туризмот бележи позитивен тренд, оценуваат надлежните институции. [Пристапено на: 25.01.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар