ВМРО-ДПМНЕ: Воведување на државна квота за II и III циклус на студии
За постдипломските студиски програми за II и III циклус на студии, односно магистерските и докторските студии кои се посебно значајни за социјалниот и за економскиот напредок на земјата, како и за обезбедување на постојано обновување на научниот и на наставниот кадар во Република Македонија ќе биде обезбедена и државна квота, пред сè, за талентираните студенти. Со оваа мерка ќе се стремиме да ги задржиме најквалитните студенти од секојагенерација. Ова всушност претставува инвестирање во човечкиот капитал -младите научници кои треба да прераснат во стожери на научната мисла во Република Македонија. Носител: Министерството за образование и наука во соработка со јавните високообразовни установи. [Рок: Септември 2012 година]
Образложение:
Од информациите кои се достапни во јавноста, како и од оние добиени од страна на инволвираните во високото образование, се уште нема информации за импементација на овој преокт.
Од конкурсите на неколку државни факултети во учебната 2012/2013 година може да се види дека не постојат државни квоти за II и III циклус на студии.
Линкови:
- Конкурс за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2012/2013 година
- Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2012/2013 година
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар