ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички студии од областа на туризмот
Ќе поттикнеме соработка со домашни и странски високообразовни институции преку мрежата на универзитетите со цел развивање на заеднички постдипломски студии и специјализирани програми од областа на туризмот. [Рок: 2012]
Образложение:
Во јуни 2011 година беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Универзитет за одржлив развој „Еберсвалде“ од Германија. Во октомври 2011 година беше иницирана Германско-македонската тренинг програма и мрежа „Одржлив туризам“. Во склоп на проектот, во јануари 2012 година во Охрид беа одржани обуки од областа на туризмот и туристичката наука. Како идна цел на проектот е испитување на можноста за формирање на заеднички мастер студии во областа на туризмот. [Ажурирано на: 23.04.2012]
Со оглед на тоа дека заклучно со истекот на рокот за исполнување на ова ветување, и покрај преземените одредени иницијативи и активности, не се воведени заеднички студии од областа на туризмот, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 26.04.2013]
Линкови:
- Идивиди (13.01.2012): Во Охрид тренинг програма за одржлив туризам. [Пристапено на: 23.04.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар