ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Регионални форуми“
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде иницијатор и промотор на проект за Регионални форуми кои ќе ги опфатат земјите членки на Европската Унија од соседството и државите од Југоисточна Европа. Овие форуми ќе поттикнуваат соработка во неколку подрачја, како одржлив развој, туризам, култура и соработка на локално и регионално ниво. [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Република Македонија зема активно учество на повеќе Регионални форуми во различни области, како што се сообраќајот, климатските промени, соработката на локално и регионално ниво, итн. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Идивиди (15.06.2012): Претседателот Иванов во Белград на Самит на ПСЈИЕ. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Климатски промени: Официјално фомирање на Форум за адаптација кон климатските промени на Југоисточна Европа. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Сител Телевизија (17.05.2013): Иванов домаќин на 16. Самит на држави и влади од ПСЈИЕ. [Пристапено на: 15.04.2014]
- Локално.мк (30.11.2013): Регионална конференција на синдикатите за сообраќај. [Пристапено на: 15.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар