ВМРО-ДПМНЕ: Електронска здравствена картичка

Со електронската здравствена картичка ќе се заменат хартиената книшка и сините картончиња. Осигурениците и фирмите нема да имаат потреба да доаѓаат до подрачните служби на ФЗОМ. Носител: Министерството за здравство и ФЗОМ. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Според информациите во медиумите, од четврток (19.07.2012 година) ќе започне издавањето на електронските здравствени картички, за кои се очекува да профункционираат на почетокот на наредната година.

Електонските картички ќе чинат 250 денари, односно 100 денари за пензионерите со нето пензија до 15.000 денари, смохраните родители и малолетните деца без родителска грижа.  Картичката ќе биде бесплатна за корисниците на социјална помош. За загубена картичка или обновување на оштетената, осигурениците ќе треба да одвојат средства исто како за нова, а нејзиното одблокирање, доколку три пати внесете погрешен код, ќе чини 100 денари.

Преку електронската картичка граѓаните ќе имаат увид дали навремено им се платени придонесите за здравствено осигурување. [Ажурирано на: 19.07.2012]

Применувањето на електронските здравствени картички започна од 1 ноември 2012 година. И покрај најавите од Министерството за здравство, дека од 1 ноември сите оние кои немаат електронски здравствени картички нема да можат да добиет здравствени картони, плавите картони се издаваа и во месец ноември. На страната на Фондот за здравстевно озигурување може да се најдат упаства за пријава и подигнување на здрвствената картичка, како и образецот кои осигурениците трба да го пополнат.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција