ВМРО-ДПМНЕ: Национална програма за редукција на емисии на одредените загадувачки супстанции

Ќе донесеме Национална програма за постепена редукција на количините на емисии на одредените загадувачки супстанции на ниво на Република Македонија. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Националната програма за постепено намалување на емисиите на одредени загадувачки супстанци на ниво на Република Македонија е донесена во мај 2012 година:

Целта на програмата е да ги идентификува мерките за редукција на емисиите на загадувачки супстанци (SO2 – Сулфур диоксид; NO – Азотни оксиди како азот диоксид; NH3 – Амонијак; VOC – Испарливи органски соединенија; TSP – Вкупни суспендирани честички; CO – Јаглерод моноксид) по клучните извори со цел да не се премине горната граница-плафонот на количините на годишно ниво за 2010 и нивоата до 2020 година.
Програмата е основа за известување кон гореспоменатата Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето за редукција на загадувањето од 2010 до 2020 година согласно Протоколот за закиселување, еутрофикација и приземен озон (Гетебoршки протокол), кој кај нас е усвоен и донесен како Закон за ратификација на протоколот за закиселување, еутрофикација и приземен озон. Исто така програмата претставува основа за известување согласно барањата на Директивата 32001L0081 кои како што веќе погоре наведовме се транспонирани во Правилникот за количините на горните граници-плафоните.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција