ВМРО-ДПМНЕ: Утврдување на единствените и референтни цени на лекови

Ќе ја унапредиме методологијата за утврдување на единствените цени од страна на Бирото за лекови по примерот на сите земји во регионот, и со споредба на цените во регионот. Со тоа ќе се постигне понатамошно намалување нацените на лековите во аптеките. Ќе ја имплементираме во целост новата методологија за референтни цени на лековите на товар на ФЗО. Со тоа ќе се постигне намалување на фондовските цени на лековите, со што ќе се зголемат бројот на лекови на позитивната листа и задоволството на поголем дел од популацијата. Пациентите нема да мораат во иднина да одат во странство за набавка на поевтин лек. Носител: Министерството за здравство. [Рок: април 2012 година]

Образложение:

Методологијата за утврдување на единствени и референтни цени на лекови е донесена од страна на Владата на Република Македонија на 30.10.2011 година, и истата е објасвена во Службен весник на РМ на 09.11.2011 година. Што се однесува до делот од ветувањето каде се напоменува дека со ваквата методологија, цените на лековите ќе се намалат, иако министерот за задравство Никола Тодоров го тврди истото, сепак фармацевтските компании во јавноста излегоа со информации дека иако големопродажната цена на дел од лековите ќе се намали, во исто време ќе се зголеми малопродажната маржа, со што лековите во аптеките ќе поскапат.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција