ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на наводнуваната површина

Ќе се подготви акциски план за зголемување на наводнуваната површина со анализа на моменталната покриеност на обработливото земјиште со системи за наводнување, дефинирање на потребите за понатамошно проширување на системите и зафаќање на нови водни ресурси, и одредување на конкретните капитални инвестиции според приоритет, тип (големи системи/ микроакомулации/ кобиниран) и динамика на реализација. Носител: Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. [Рок: март 2012]

Образложение:

Заклучно со март 2012 година, не постојат информации дека е подготвен акциски план за зголемување на наводнуваната површина. [Ажурирано на: 09.04.2012]

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ни беше одговорено дека акцискиот план е сеуште во фаза на подготовка. Со оглед на тоа дека рокот за изготвување на овој план е март 2012 година, а тој е се уште во фаза на подготовка, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.11.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција