Yearly Archives

2022

Лажни доктори препорачуваат апчиња за слабеење на интернет

Во рекламниот материјал има и лажни коментари од наводно задоволни потрошувачи. Дека дел од нив не потекнуваат од Македонија покажува и фактот што во фотографиите во коментарите има и препарати за слабеење испишани на руски јазик.…

Не е точно дека во Франција и САД не се исплаќа животно осигурување за вакцинирани од ковид

Не е вистина дека во САД и во Франција фирмите кои нудат полиси за животно осигурување, наводно одбиваат да ги исплатат затоа што починатиот носител на полисата бил вакциниран, односно бидејќи ја сметаат вакцинацијата за самоубиство. И…

На видеата од Буча, Украина, нема инсценирани тела кои мрдаат

На споделуваното видео, наместо „труп кој ја помрднува раката", се гледа дамка на стаклото на автомобилот. Раката е непомрдната исто како и починатото тело на асфалтот, меѓутоа дамката на стаклото се помрднува, во исто време како што се…

Контраспин: Протестот на матичните лекари од приватното здравство е оправдан и навремен

Симболичниот протест на матичните лекари од приватното здравство што се одржа на 7-ми април е навремен и оправдан, затоа што низата барања што ги имаат се барања од поодамна и од претходните протести, а досега, освен на едно две ниту им е…

Видео без грам контекст, пренесено од македонските медиуми, душа дало за фрлање магла врз војната во…

На видеото се гледа како група украински војници вадат луѓе од возилата, ги удираат по глава и им ги врзуваат рацете. За точната локација се вели дека се претпоставува дека станува збор за Днепар. Информациите се преземени од социјалните…

Османи: Државата е во координација со земјите на НАТО и ЕУ за спречување на руските дезинформации во…

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во интервју за Порталб.мк вели дека дезинформациите и пропагандата се едни од алатките на војната и дека Владата ги третира како такви. Тој вели дека државата има…

Вакцините против ковид-19 не содржат хидра, паразити или графен

Хидра (вулгарис) е живо суштество со должина од 10 до 30 милиметри и широко 1 милиметар, кое живее во свежата вода. Не е можно вакцините против ковид-19 да содржат жив организам со должина од 10 милиметри. Разните начини на стерилизација…

Сеопфатното сексуално образование не промовира педофилија во училиштата

Во Република Северна Македонија педофилијата е кривично дело, така што е невозможно во училиштата да се предаваат содржини кои ја промовираат истата. Во постот се прави пропагандистички спин со цел да се даде погрешна слика за наставата за…

Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства

На сателитските снимки од теренот кои беа објавени од страна на медиумите, се вели дека телата на убиените биле во Буча со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била избришана во моментот кога се направени фотографиите и…

Контраспин: Министерот Тупанчески може да оди на утакмица во Палермо, ама на своја сметка!

Тупанчески не чувствува морална, етичка одговорност поради тоа што на фудбалскиот натпревар во Палермо бил на сметка на ФФМ. Па сакајќи да оправда нешто што не се оправдува тој спинува, се обидува да ја релативизира целата ситуација и вели…

Објавени имињата на членовите на комисиите кои ќе ги контролираат и оценуваат судиите

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера на 05.04.2022 ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на…

Слободата на изразување во РСМ е нарушена поради закани и недостиг на медиумски реформи, забелешки и…

Слободата на изразување е еден од клучните критериуми што секоја земја-аспирант за членство во ЕУ мора да ги исполни. Според новата методологија за проширување, поглавјето за слободата на изразување и медиумите припаѓа на првата група, онаа…

Пост на Фејсбук манипулира дека Русите предупредиле за атентат на Вучиќ

Во оригиналната информација од „Новости“, на која се повикува текстот линкуван во постот,  никаде не се спомнуваат руски извори. Оригиналниот напис воопшто не наведува кој ја испратил заканувачка порака за атентат на Вучиќ, ниту пак, од кои…

Сатиричен напис дека Заев изјавил „дека не треба да се замараме дали пописот е фер“, се споделува…

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно…

Не е точно дека во Скопје паднал руски воен дрон

Извори од МВР за медиумите потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот на Арачиново, но не нашле ништо. Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира…

Со стари или со туѓи фотографии лажно се претставува тековната состојба во гостиварската болница

Фотографиите или не се од нашата болница, или се стари. Кај нас се реновираат уште три одделенија во гостиварската болница, ставени се досега нови прозорци, врати и се работи на фасадата, а комплетно се реновираат и хируршкото,…

Контраспин: Лавров во уште една спин „офанзива“ за оправдување на руската агресија врз Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за воената интервенција во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија…

Руската пропаганда во Македонија во 2018: „Единствена Македонија“ како „пионче“ на „Единствена…

Неодамнешното протерување на петтемина руски дипломати не е прво протерување на руски дипломати од Македонија. Првпат,  Македонија протера руски дипломат во 2018 година, кога беше забележително не само засилено руско пропагандно влијание,…