Yearly Archives

2022

Контраспин: Блерим Сејдиу беше во право, демантот на Адем Авзиу содржи некои невистини

После изјавата на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу во „Клан Македонија“ дека „Кодра е Диелит официјално се вика Попова Шапка“, на „Фејсбук“реагираше директорот на Елем Турс, Адем Авзиу кој тоа го демантираше, нагласувајќи дека…

На Фејсбук се шири невистинита наградна игра на НЛБ Банка, не наседнувајте!

Oд НЛБ Банка за „Вистиномер“ изјавија дека е лажен и профилот и информацијата за наградната игра. Дополнително за ова имаше и известување на вистинската Фејсбук страницата на НЛБ Банка

Не е точно дека невакцинираните не умираат

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел…

Сител не емитувала приказна за прилепчанец кој ја оставил девојката, откако одбил да конвертира во…

На телевизија „Сител“ не постои содржина којашто се однесува на наводен анонимен прилепчанец чија девојка муслиманка абортирала, откако тој одбил да ја прифати исламската религија. Главната уредничка на „Сител“, Славица Арсовска за…

Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА…

Георгиевски не дал никаква изјава поврзана со случувањата во Украина

Се работи за неточна содржина објавена над фотографија од претседателот на ВМРО НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски. Тој за „Вистиномер“ изјави дека се работи за тотална дезинформација, дополнувајќи дека веќе два месеци нема дадено…

Не е точно дека половина од полицајците во Отава дале оставки

Ниту еден од две илјади полицајци во оваа служба не дал отказ поради протестите за вакциналните мандати, изјави претседателот на полициската академија на Отава, Мет Скоф за „Асошиејтед Прес“

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас – ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на…

Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

Оваа изјава ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето на заштитни…

Од небо не нè запрашуваат со коронавирусот, а детектирањето на новите соеви е со секвенционирање

Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура - „мутации“. Единствениот…

Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

Не само што е лага дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина!…

Петровска: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24 изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина.

Од „No name“ компјутери до онлајн-судење

Ако детално се погледне  Функционалната анализа на основните судови во РСМ претставена во ноември 2021 година, а со цел да се стекне вистинската слика со ИТопрема во судството, може да се сретнат и бизарни податоци кога се набројува…

Брнз: САД го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

САД заедно со сојузниците и партнерите, ќе ѝ помогнат на Украина да се брани од понатамошна руска агресија, вели американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз во нејзиниот коментар за состојбата со Русија и Украина, којшто денеска е објавен…

Македонски манифест: Цутење на словенските фиданки после античкиот зимски период

Ова здружение не го слушнавме да говори за нашиот словенски ген во време кога тоа не беше „во мода“, односно кога, не толку одамна, бевме претворани во антички народ, кој нема никаква врска со словенската матица. А, сега Манифестот го става…

Кулеба: Русија користи дезинформации и сајбер напади за дестабилизација на Украина

Русија исто така, многу инвестира во дестабилизација на нашата земја однатре. Ова вклучува дезинформации, сајбер напади, лажни закани со бомби, обиди да се сее недоверба и да се предизвика немир кај граѓаните, изјави украинскиот министер за…

Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

На 29.12.2021 година градоначаликот на Општина Тетово, Биљал Касами, кој воедно е и нов претседателот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, на прес-конференција најави дека полошките општини за една недела ќе започнат да носат…

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај…

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета …