ВМРО-ДПМНЕ: Форензичка-ИТ лабораторија

УЈП во текот на 2011 година ќе ги постави темелите на првата форензичка ИТ-лабораторија за даноци во Југоисточна Европа, со што ќе се засили капацитетот на инспекциски надзор за сузбивање на високософистицираните форми на даночно затајување. Лабораторијата ќе биде опремена со најсовремена ИТ-опрема со која софтверски ќе можат да се следат податоците преземени од даночните обврзници и да се врши соодветно ИТ-вештачење. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Рокот кој е поставен во ветувањето како краен до кога треба да се отвори форензичката ИТ лабораторија е декември 2011 година.

Најавата за започнување на овој проект од страна на Владата на Р. Македонија беше на 1 септември 2012 година, а рокот за оформување е 2013 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција