ВМРО-ДПМНЕ: Центар за телефонско закажување на приеми и прегледи на граѓаните

Ќе формираме центар за телефонско закажување на приеми и прегледи на граѓаните, во секундарното и терцијарното ниво, со цел да се олесни пристапот кон специјалистичко–консултативните служби, болниците и клиниките во јавното здравство и да се намали времето на чекање за одредени здравствени услуги и дијагностички процедури. Почеток со пилотинституција во секундарно здравство ќе биде Новата градска болница. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Континуирано до крајот на мандатот]

Образложение:

Од март 2013 година започна електронското закажување на термини кај специјалистите во болниците и поликлиниките од страна на матичните лекари. 

Електронскиот систем за закажување здравствени прегледи „Мој термин“, официјално стартуваше во јуни 2013 година, наредниот месец-  јули 2013 на системот се додадени дополнителен број слободни термини за прием на пациенти од секундарно и терциарно ниво. Исто така, формирана е посебна Проектна единица за национален систем за електрински евиденции во здрваството.

Во август 2013 во цела Македонија биле издадени 155 илјади електронски упати преку системот „Мој термин“.

Од 16 декември 2013 година преку системот за електронско закажување „Мој термин“ граѓаните  добиваат СМС пораки со известување за нивниот закажан термин за лекарски преглед.

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Здравство и здрава нација“ се вели:

„Идејата на овој проект е целосно надградена, односно воведен е националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин, систем преку кој целосно се управуваат и се ажурираат листите на чекање и закажувањето на пациентите во здравствените установи. Пациентите можат сами да ги проверат закажаните и слободните термини на порталот mojtermin.mk, а исто така секој пациент добива СМС-порака како потсетување за закажаниот термин или телефонско известување од здравствената установа.“

Од сето ова може да се констатира дека ветувањето „Центар за телефонско закажување на приеми и преглдеди на граѓаните“ е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција