ВМРО-ДПМНЕ: Пат до манастирот Трескавец

Со изградбата на овој потег во должина од околу 7,5 км и ширина на коловоз од 6 метри ќе се обезбеди непречен пристап кон црковно-туристичкиот локалитет Трескавец од градот Прилеп преку Варош и Горно Село. Вредност на проектот се проценува на 3 милиони евра, а средствата се планира да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: 2013 година]

Образложение:

На  28 август 2012 година, започна изградбата на патот до манастирот Трескавец во Прилеп.

На 28 август 2013 година, беше пуштен во употреба патот до манастирот Трескавец.  Патот е во должина од 7,5 км  и се очекува да биде од голем придонес за развојот на туризмот во овој регион.

* Ова ветување е слично со: Пристап до манастирите Зрзе и Трескавец

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција