ВМРО-ДПМНЕ: Напредни ИТ-обуки за невработени

Ќе бидат спроведувани и специјализирани, напредни ИТ-обуки, исклучиво наменети за невработени лица. Предмет на овие обуки ќе биде изучување на различни програмски јазици и алатки кои ќе придонесат за стручно доусовршување во областа на информатичката технологија за оние невработени лица кои имаат интерес за новите технологии, а финансиски немаат можност сами да се дообучат. Крајна цел на оваа мерка е да им се овозможи на 150 невработени лица годишно, со стручна преквалификација во областа на информатичката технологија да добијат поголеми шанси за вработување, но и да се влијае на зголемување на бројот на ИТ-професионалци во земјата. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 450.000 евра. [Рок: 2011 – декември 2015]

Образложение:

Првиот конкурс беше објавен во септември 2011 година и со него беа опфатени 180 лица. [Ажурирано на: 13.04.2012]

На првите учесници на напредните ИТ-обуки за невработени им беа доделени сертификатите на 27.06.2012. [Ажурирано на: 10.04.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција