ВМРО-ДПМНЕ: Медиумска кампања за економското здружување на земјоделците

Ќе организираме национална медиумска кампања за промоција на економското здружување на земјоделците и иницирање на интерес на потенцијалните задружници. [Рок: април 2012]

Образложение:

На официјалната интернет страница на Владата на Република Македонија за постирање на видео материјали, во делот предвиден за кампањи на Владата, нема видео запис за медиумска кампања за промоција на економското здружување на земјоделците.

Дополнително, во официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во делот за земјоделство, не е спомнато дека е организирана кампања од овој вид. Од сево ова може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 24.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција