ВМРО-ДПМНЕ: Брана на Оризарска Река

Со реализацијата на овој проект, ќе обезбедиме трајно водоснабдување на градот Кочани, наводнување на 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе создадеме услови за изградба на 6-8 минихидроелектрани за производство на електрична енергија. Вкупната инвестиција за изградба на браната и придружните објекти изнесува околу 45 милиони евра. Рокот за изработка на техничката документација е септември 2011, додека првичните градежни активности: зафат и пристапен пат се планирани за 2012 година со рок на целосно завршување 2017. Средствата за инвестицијата треба да се обезбедат преку задолжување. [Рок: 2012 – 2017]

Образложение:

И покрај тоа што требаше да започнат во 2012 година, градежните активности за реализација на овој проект сè уште не се започнати. Според последните информации, изградбата на браната на Оризарска Река треба да започне летото 2013 година. [Ажурирано на: 06.05.2013]

Линкови:

*засега неисполнето

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција