ВМРО-ДПМНЕ: Тонско снимање на рочишта

Со почеток од 9 септември 2011 година се воведува тонско снимање на рочиштата што ќе обезбеди посигурно забележување на исказите за фактите и доказите за кои се расправа во постапката. Со опрема за тонско снимање во вредност е 310.000,00 US$ (донација од УСАИД), досега се опремени 80 судници, а до крајот на 2012 година ќе се опремат уште 60 судници со опрема во вредност од околу 200.000,00 евра, средства од буџетот на Република Македонија. [Рок: 2012]

Образложение:

Во недостиг на јавно достапни информации во врска со ова ветување, се обративме директно во надлежната институција, а тоа е Министерството за правда. Од таму ни беше одговорено дека досега со опрема за тонско снимање на рочиштата опремени се само 80 судници веќе споменати во ветувањето (донација од УСАИД), a нема други судници кои се дополнително опремени со користење на средства од буџетот на РМ.

Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е истечен, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 05.03.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција