ВМРО-ДПМНЕ: Идентификација на агломерациите во РМ за третман на отпадните води

Ќе извршиме идентификација на агломерациите во Република Македонија за третман на отпадните води и ќе извршиме дефинирање и назначување на чувствителните подрачја во земјава во однос на испуштање на урбани отпадни води и во однос на други параметри согласно со Директивите на ЕУ. [Рок: Септември 2012 година]

Образложение:

И покрај тоа што ова ветување требаше да биде реализирано до крајот на септември 2012 година, тоа што до сега е направено е прелиминарна идентификација на агломерациите во Република Македонија, како и предлог утврдување на чувствителноста на подрачјата на испуштање на урбани отпадни води.  Најавено е во Отчетот за сработеното на Владата на Р. Македонија дека во наредниот период ќе се утврди чувствителноста на подрачјата на испуштање на урбани отпадни води, а ќе се направи и стратегија за управување со милта од станиците за пречистување на отпадни води.

Линкови: 

Отчет на Влада на РМ предводена од ВМРО- ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на: 14.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција