ВМРО-ДПМНЕ: Пречистителна станица за отпадни води во Струмица

Ќе изработиме основен проект и ќе изградиме пречистителна станица за отпадни води во Струмица со средства од ИПА и национално кофинансирање. Вредност – 10 мил. евра (преку ИПА финансирање – 85% ИПА-средства и 15% домашно учество); [Рок: 2014 година]

Образложение:

Од страна на координаторот на проектот од Министерството за животна средина, Николина Рувчевска , кон крајот на 2013 година, беше најавено дека тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Струмица е во тек. Информации за завршување на постапката нема, и иако рокот за изградба на станицата е 2014 година, се уште истата не е започната.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата

Линкови: 

Почна реконструкција на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица во Прилеп [Пристапено на: 13.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција