ВМРО-ДПМНЕ: Олеснувања за студенти претприемачи

Ќе се намалат трошоците за студентите кои сакаат да отворат свој бизнис заради унапредување на претприемништвото меѓу младите. За 50% ќе се намали надоместокот за регистрирање на бизнис во Централен регистар за претприемачи кои се студенти и електронски ја отвориле фирмата. Истовремено ќе се субвенционираат и другите трошоци за регистрација на фирма (печат, нотарска заверка на документи) [Рок : Јануари 2012]

Образложение:

Основачите на фирмите „Наша винарија“ и „Млечно царство“ Ристе Стефанов и Синиша Станоевиќ се првите што ја искористија владината мерка со која за 50 проценти се намалуваат трошоците за регистрирање фирма на студенти по електронски пат во Централниот регистер. Со тоа ова ветување е остварено во рокот кој што беше предвиден.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција