Македонска пошта допрва со услугата за „онлајн-продавници“

Онлајн продавниците уште го чекаат поштарот. Фото: Македонска пошта

Овие услуги ќе се понудат на бизнис-заедницата на територијата на Република Македонија, како и на компаниите кои нудат интернет-продажба и истите ќе претставуваат нивна логистика за успешно развивање на нивните бизнис-идеи.

Под бизнис-услуги се подразбираат следните услуги: преземање и предавање на пратки на бизнис-корисникот и формирање цена според бројот на доаѓања на адреса на бизнис-корисникот на услуги, достава на бизнис-пакети до 100 кг. истиот ден или следниот работен ден, достава на збирна пратка, формирање на пратка, персонализација на пратки и складирање (закуп на складишен простор). Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на АД Македонска пошта. (Буџет: проценета вредност 35 милиони денари, Рок: 2 0 1 4 – 2 0 1 6 година.)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во програмата „Проверено“ за предвремените парламентарни избори во 2014 година, во ветувањата со кои ги бараше гласовите од граѓаните, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вети и проширување на понудата услуги со Бизнис услуги. Идејата за неа е услуга „од врата на врата“ за бизнисите, со посебен акцент на онлајн продавниците, односно Македонска пошта да им ги доставува на купувачите работите купени преку интернет. Тарифирањето, според ветувањето, би било според обемот на пратките – било поединечно или во текот на еден календарски месец, а се планира и складирање на стока во магацини на Пошта, што бизнисите би ги ослободило од дополнителни ангажмани во тој поглед. Во програмата, на страницата 79, беше наведено дека услугата ќе почне да се нуди од 2014 најдоцна до 2016 година.

Пребарувањето на интернет за каква било информација дека сега се пружа ваква услуга на бизнис корисниците не донесе резултати. Прелистувањето на сајтот на Македонска пошта не нè доведе до потврда дека оваа услуга функционира, по што писмено се обративме до Македонска пошта. Оттаму ни одговорија „Услугата Бизнис пакет е во фаза на имплементација“.

Рокот за исполнување на ова ветување не е истечен, и затоа оценуваме дека е во тек.

 

ИЗВОРИ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција