Мел Гибсон не снима документарен филм за сексуална трговија со деца во Украина

Фото: скриншот од Твитер

Мел Гибсон не снима никаков документарец за сексуална трговија со деца. Основач на непрофитна организација за борба против трговија со луѓе во Јута, претходно предложил актерот да обезбеди првична поддршка за документарен филм, но тој потврдил за Асошиетед прес дека Гибсон не е вклучен во снимањето на филмот

Мел Гибсон не снима никаков документарец за сексуална трговија со деца. Основач на непрофитна организација за борба против трговија со луѓе во Јута, претходно предложил актерот да обезбеди првична поддршка за документарен филм, но тој потврдил за Асошиетед прес дека Гибсон не е вклучен во снимањето на филмот

 

Пост на Фејсбук тврди дека познатиот холивудски актер Мел Гибсон правел документарен филм за сексуална трговија со деца, вклучувајќи земји како Украина, а во текстуалниот дел се вели:

Важно Путин го осудија за трговија со деца. Тоа е се што треба да знаете за „објективниот„ и „демократски„ запад.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот н Путин, под сомнение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство, илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија. Тоа не значи дека е осуден. За да биде осуден, Путин треба да се појави пред судот во Хаг, каде би му се судело за она за што е осомничен.

Теоријата дека „демократскиот запад“ е вклучен во некаква нелегална трговија со деца и органи во Украина не е ништо ново. За ваквите тврдења не се понудени никакви докази и истите се дел од една добро позната теорија на заговор и секако таа е добредојдена во корпусот на руски дезинформациски наративи кои се засилија од лани кога Москва ја започна инвазијата на Украина.

Не е првпат противниците на Западот да лиферуваат вакви измислени приказни дека западните земји се тие кои ги злоупотребуваат децата, а наводни херои, како Путин или Доналд Трамп, ги спасуваат. Вакви приказни се плетеа и сè уште се плетат за поранешниот претсeтедател на САД, Трамп, претставувајќи го како наводен спасител на илјадници деца. Вистиномер има пишувано за овие теории на заговор и очигледно истите се користат со цел да се величи ликот и делото на Путин, без притоа да им се погледне во очи на фактите.

Што се однесува до тврдењето дека познатиот холивудски актер Мел Гибсон правел документарен филм за недозволена трговија со деца, вклучувајќи земји како Украина, и тоа не е точно и истото е демантирано од страна на публицистот на актерот.

Тој не снима никаков документарец, изјавил за  Асошиејтед прес Алан Ниероб, долгогодишниот публицист на Гибсон.

Изгледа дека тврдењето произлегува од коментарите дадени претходно оваа година од основачот на непрофитна организација против сексуална трговија со деца, која развива различни филмски проекти, вклучително и документарен филм, пишува АП.

Тим Балард, продуцент и основач на организацијата „Операција Подземни железници“, тогаш рече дека Гибсон побарал помош од организацијата за извлекување на десетина сирачиња од Украина за време на руската инвазија минатата година.

На појавувањето во јануари на конзервативниот форум Јута Игл во Солт Лејк Сити, поранешниот агент на Министерството за домашна безбедност Балард, рече дека го познавал Гибсон затоа што актерот помогнал во уредувањето на „Звукот на слободата“, филм за Балард и неговата организација што се планира да биде објавен ова лето.

Балард рече дека побарал пари од Гибсон за да го сними спасувачкиот напор во Украина, а актерот се согласил.

Тој рече „Нема проблем“ и ни помогна да започнеме и да снимаме. Четири месеци подоцна, она што мислев дека можеби ќе биде документарен филм за Украина, завршува како документарна серија од четири дела, која е речиси завршена, рече Балард.

Нироб одбил за АП да ги коментира забелешките на Балард или да елаборира за врските на Гибсон со непрофитната организација за борба против трговија со луѓе, но тој истакнал дека актерот „не финансира никаков вид документарец од повеќе делови“.

Организацијата со седиште во Јута е меѓу бројните кои постигнаа успех во последниве години собирајќи пари од теориите на заговор што произлегоа од Кју анон, посочува АП.

Балард, во изјавата за АП рекол дека стои на „секој збор“ во видеото од јануари во кое ја опиша улогата на Гибсон во помагањето на спасувањето на децата кои се изложени на ризик од трговија во Украина разурната од војна.

Но, тој, исто така, призна дека актерот не е вклучен во снимањето на претстојниот документарен филм, за кој рече дека е продуциран од Ник Нантон, од ДНК Филмс и голем број други кои служат како извршни продуценти.

Не е  првпат името на Мел  Гибсон да се поврзува со теоории на заговор кои ги шират поддржувачите на Кју анон. Вистиномер веќе има пишувано на оваа тема.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Мел Гибсон не снима никаков документарец за сексуална трговија со деца. Основачот на непрофитна организација за борба против трговија со луѓе во Јута, претходно предложил актерот да обезбеди првична поддршка за документарен филм, но тој потврдил за Асошиетед прес дека Гибсон не е вклучен во снимањето на филмот.

Поради тоа, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција