На Западен Балкан доаѓа претставник од САД во помош за борба против дезинформациите

Image by S. Hermann & F. Richter from Pixabay

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, следната недела ќе ги посети Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, следната недела ќе ги посети Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти американското министерство за надворешни работи.

Агенцијата Бета пренесува дека за време на посетата ќе се разговара за борбата против руските дезинформации.

„Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се сретне со владини претставници за да ја зајакне поддршката за иницијативите против дезинформации“, се вели во соопштението на Стејт департментот на 7 април.

Во соопштението се наведува дека ќе се разговара за „напорите на Русија, НР Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност ширум светот“.

Американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин во интервју за ТВ Н1 пред неколку дена изјави дека медиумскиот простор на Балканот е затруен со дезинформации, кои главно доаѓаат Русија.

„Истовремено ја имаме оваа страшна војна во Украина, Русија се обиде да користи дезинформации и лаги за војната, а во исто време нивната армија убива невини луѓе, го уништува енергетскиот систем, уништува училишта и го нарушува фактот дека соседната земја не смее да биде окупирана“, рече тој.

Рубин ѝ е познат на јавноста на Балканот по тоа што беше портпарол на Стејт департментот во време на војната на Косово и на НАТО-бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија. Тој на формалната функција помошник државен секретар се задржа од 1997 до 2000 година, за време на мандатот на државниот секретар Медлин Олбрајт, во администрацијата на Бил Клинтон.

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција